Скопје, 13.04.2022 Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје на седницата одржана на 13.04.2023 година гласаше за избор на претседател на Сенатот, а членовите на Сенатот едногласно дадоа поддршка за уште еден мандат на досегашниот претседател проф. д-р Сузана Јордановска.
Сенатот на УМТ го сочинуваат претставници на единиците на УМТ и Универзитетското студентско собрание, и тоа: доц. д-р Шптим Реџепи од Факултетот за градежништво и архитектура, проф. д-р Андреј Цветковски и доц. д-р Арта Тика Бектеши од Факултетот за информатички науки, проф. д-р Зоран Гацовски и доц. д-р Рилинд Адеми од Факултетот за технички науки, проф. д-р Сузана Јордановска и доц. м-р Емира Имери од Факултетот за технолошки науки, вонр. проф. д-р Енвер Абдулахи и доц. д-р Агон Саити од Факултетот за социјални науки, а Универзитетското студентско собрание во Сенатот на Универзитетот, во својство на член на сенатот го претставува претседателот на ова собрание Омер Хебиб.
Ректорот на УМТ Проф. Д-р Изет Зеќири упати честитки до реизбраната претседателка на Сенатот, посакувајќи и нејзе и на членовите на Сенатот успеси во работењето.