Скопје, 13.04.2023, Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р. Изет Зеќири денеска оствари работна средба со директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Северна Македонија, проф. д-р. Скендер Асани.

Ректорот Зеќири го информираше гостинот за случувањата на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, за континуираното зголемување на бројот на студенти, и отворање на три нови факултети и девет потполно нови студиски програми, интензивната работа во врска со објектите и инфраструктурата на новите простори наметни за УМТ во поранешната касарна Илинден, како и изборот на УМТ за еден од петте најдобри универзитети во земјата, од вкупно 24.

Директорот Асани го информираше ректорот Зеќири за активноста на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, неговите активности како и отворањето на посебен оддел во рамките на Институтот кој се занимава исклучиво со животот и делото на Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза.

Зеќири и Асани се согласија дека одличната соработка меѓу двете институции треба дополнително да се продлабочи.

By