Започна интензивната промотивна кампања во средните училишта низ државата

Скопје, 𝟐𝟓.𝟎𝟒.𝟐𝟎𝟐𝟑 Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја започна промотивната кампања со делегација на професори кои беа предводени од ректорот проф. д-р Изет Зеќири.

Зеќири пред матурантите од гимназијата „Зеф Луш Марку“, средното економско-правно училиште „Арсени Јовков“ и училиштето „Цветан Димов“ рече дека неговата посета се должи на тоа дека сакал лично да се сретне со матурантите со цел да разговара со нив и да ги извести дека ќе бидеме достапни во секое време за нивните барања.

Отворањето на јавниот универзитет на албански јазик во Скопје „претставува чудо кое треба да го искористите“, им порача Зеќири на матурантите, пред кои ги претстави 39-те студиски програми кои УМТ ги нуди на своите осум факултети.

Ректорот Зеќири ги информираше матурантите за нивните предностите во новиот универзитетски кампус на УМТ, кој покрај реновираните објекти од 6 илјади квадратни метри, ќе има и три нови факултети, економски, правен и хуманистички науки, и заедно со сегашните пет факултети за градежништво и архитектура, информатика, социјални науки, технички и технолошки науки, ќе има вкупно 8 факултети.

Дел од промотивниот тим на УМТ беа и проректори, декани и професори од осумте факултети, кои ја презентираа академската понуда на нашиот универзитет. УМТ секој ден се повеќе се развива во однос на кадрите и се здоби со нови објекти, и каков таков останува единствениот јавен универзитет на албански јазик во главниот град.

Матурантите од средните училишта во Скопје покажаа интерес за студиските програми и имаа дискусиии со присутните професори. На матурантите им беа поделени брошури со информации за активностите на нашиот универзитет.

Ректорот Зеќири е првиот ректор што ги посетува средните училишта, во практика е средните училишта, односно н матуранти ги посетуваат универзитетите.

By