Скопје, 07.09.2023 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф.д-р Изет Зеќири придружен од проректорот за образование и студентски прашања вон.проф.д-р Фати Исени и професорот проф. д-р Зоран Трифунов имаа средба со директорката на фондацијата „Евро центар“ со седиште во Скопје, г. Даниела Петрушева Андонова.
Ректорот Зеќири ја информираше директорката Андонова за развојот на работата на УМТ, за барањата на студентите и на академскиот и административниот кадар на универзитетот, а се разговараше и за постигнување договор за соработка меѓу двете институции во областа на европските програми и фондови.
М-р Даниела Петрушева Андонова им се заблагодари на ректорот Зеќири и на соработниците за подготвеноста, за институционална соработка и истакна дека заедничките успеси ќе бидат приоритет на двете институции.