Скопје, ноември 2023 година – Во рамките на студентските студиски посети на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во соработка со професор(к)ите, студент(к)ите на Правниот факултет под раководство на доц. д-р Калтрина Зеколи Шаќири го посетија Министерството за правда каде ги пречека Министерот, г-дин Кренар Лога.
Доц. д-р Калтрина Зеколи Шаќири, професорка на Правниот факултет, му се заблагодари на Министерот, г-дин Кренар Лога, за топлото добредојде и го информираше за напредокот на студиите на студиските програми Право и Криминалистика и истакна дека студент(к)ите покажуваат ентузијазам кон овие студиски програми. Професорката напомена и дека ваквите студентски посети имаат тенденција да се претвораат во годишни студиски практики.
Студент(к)ите имаа можност да дебатираат на разни теми и да упатуваат прашања од својата студиска област до Министерот за правда, г-дин Кренар Лога.