Скопје, 07.02.2024 – Студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од факултетот за технички науки и Економскиот факултет заедно со ректорот проф. д-р. Изет Зеќири предводени под менторството на деканите вон. проф. д-р. Неритан Туркеши и вон. проф. д-р. Букурие Имери Јусуфи остварија детална студиска посета, како и внимателно ги ислушаа и следа успешните приказни и совети од раководителот на компанијата Aлма M, г-дин. Муарем Муртезани.

На предавањето студентите од УМТ се стекнаа со научни совети од првиот човек на компанијата но исто така и од ректорот проф. д-р. Изет Зеќири со цел да ги мотивира и да ги достигне врвните успеси во кариерата во текот на студирањето.

Во елаборатите за работниот развој во различни сектори, студентите имаа можност од раководителот за човечки ресурси од компанијата Алма М, г-дин. Ристо Митрев, конкретно им објасни како производите на оваа компанија достигнуваат на време и квалитет.

Шефот на компанијата г-дин. Муртезани во својата успешна приказна пред студентите од Царина, Претприемништво и Осигурување и студентите од Економскиот факултет, одржа многу конструктивно предавање, мотивирајќи ги кон трнливиот патот кој го поминал поставувајќи си цел како приоритет во животот со целосна доверба и конкретен план за успех.

На оваа средба имаше и интерактивност од страна на студентите, пред првиот човек на компанијата Алма М, поставувајќи прашања, проблеми и решенија. Покрај одговорите, Муареми на студентите им понуди и продлабочена практична работа како и вработување на определено време во канцелариите на неговата компанија, имајќи предвид дека истите студенти ќе ги селдат вооедно и предавањата на УМТ.

Денес, Алма-М има стотици вработени, бројни ултра модерни магацини од над 5.000 метри квадратни и административен простор од над 2.000 метри квадратни. Многупати е прогласувана за компанија на годината од Стопанските комори, додека постојано е на топ-листата на успешни компании во земјава.

By