Скопје, 04.04.2024 – При отворањето на новите простории на универзитетската библиотека, ректорот на УМТ проф. д-р. Изет Зеќири ги прими првите подароци за библиотеката од авторката Мерита Абази, нејзината најнова публикација со наслов „Низ годишните времиња“.
Ректорот Зеќири и се заблагодари за нејзиното присуство на свеченото отворање на библиотеката и ѝ честиташе на авторката г-ѓа. Мерита Абази за нејзиниот даден придонес за студентите на УМТ.