Кичево, април 2024 година Професорите Теута Јусуфи-Зенку, Рилинд Махмуди, Арта Тика Бектеши, Ветон Рушити и Бејтула Емини го промовираа Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред матурантите во Кичеово.
Матурантите од Гимназијата „Дрита“ имаа можност да се запознаат со широкиот асортиман од осумте факултети и 40 студиски програми кои УМТ ги нуди на матурантите од целата држава, сега во новите студиски простори во касарната Илинден.
Професорите на матурантите од Кичево им предложија да ја искористат можноста да се запишат на УМТ, во првиот пријавен уписен рок, каде што може да се примат во државна квота, со што трошоците за студирање се преполовени на 100 евра по семестар, додека исто така ги информираа и за условите на студирање, опремувањето на секоја насока со посебни лаборатории.
УМТ им се заблагодари на вработените од гимназијата „Дрита“ во Кичево и на одговорните за паралелките за достоинствената организација и пречек на нашиот универзитет.