НА ОТВОРЕНИОТ ДЕН НА УМТ ИМАШЕ МАТУРАНТИ ОД ЦЕЛАТА ЗЕМЈА
Скопје, 23.04.2024 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска ги пречека матурантите од Куманово, Прилепи, Долнени, Тетово, Скопје и Кичево кои беа дел од „Отворениот ден“ што се одржа во просториите на новиот објект на Универзитетот во поранешната касарна „Илинден“.
Матурантите имаа можност директно од деканите да ги видат условите за студирање што ги нуди УМТ и од блиску да се запознаат со студиските програми на осумте факултети, исто така ја посетија и Универзитетската библиотека која сега е на услуга на студентите.
Оваа организација беше позитивна можност за сите матуранти да се запознаат меѓусебно и да дознаваат повеќе информации за осумте факултети и тоа: Факултетот за градежништво и архитектура, Факултетот за технички науки, Факултетот за информатички науки, Факултетот за технолошки науки, Факултетот за осоцијални науки, Економскиот факултет, на Правниот факултет и Факултетот за хуманистички науки.
Проректорите кои ги поздравија многубројните матуранти истакнаа дека овој ден и оваа посета ќе остави добар впечаток кај матурантите, бидејќи на нашиот универзитет доаѓа златна генерација на студенти, со стручен кадар докажан во академскиот свет, кој на студентите им нуди светла и перспективна иднина
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од ден на ден расте и е отворен за интернационализација и вмрежување со универзитети од цела Европа и пошироко.