На пленарно предавање вон. проф. д-р Стојан Китанов од Факултетот за информатички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје успешно го реализираше предавањето на тема: „Преглед на истражувачките трендови и предизвици на 6G мобилните мрежи и континуитетот на информатиката“ на меѓународната научна конференција за телекомуникации и сајбер безбедноста спроведена на Кавкаскиот универзитет во Тбилиси, Република Грузија.
Оваа меѓународна научно-практична конференција обедини учесници од академскиот сектор, како и водечки научни истражувачи од областа на телекомуникациите и сајбер безбедноста од различни земји во светот. Конкретно, претставници на главни институции на високообразовни и научно-истражувачки центри и лаборатории.
Оваа организација беше поддржана од Здружението за научна сајбер безбедност (SCSA) и Иницијативата за развој на Интернетот (IDI), Националната комисија за комуникации на Грузија (ComCom), како и од следните универзитети од Грузија, Кавкаскиот универзитет, Универзитетот на Источна Европа ( EEU ) и Универзитетот Исток-Запад (EWUNI). На оваа конференција учествуваа и познати предавачи од целиот свет од областа на телекомуникациите и сајбер безбедноста.