Италија, ноември 2024 година – Деканот на Факултетот за хуманистички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Мустафа Ибрахими, учествуваше на годишната манифестација „Празник на албанското знаме 2024“ која се одржуваше во Хора на Арберешите Сицилија, Италија.

Во рамките на овој културен и национален настан, деканот Ибрахими ја промовираше книгата „Во Калабрија со Арберешите“, публикација која ги осветлува историските и културните врски меѓу Албанците и Арберешите во Италија.

За време на посетата, професорот д-р Мустафа Ибрахими остварил средба со градоначалникот на Хора е Арберешите, г-дин. Росарио Пета. Градоначалникот Пета му се заблагодари за учеството на настанот и изрази желба да се развијат и други културни соработки помеѓу Хора е Арберешите и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Учеството на овој настан ја нагласува посветеноста на УМТ за промовирање и зајакнување на меѓународните врски од областа на културата, историјата и образованието, поддржувајќи го зачувувањето на националниот идентитет и традициите на Арберешите.

By