Скопје, 17.02.2025 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Казнено-поправната установа КПУ-КПД „Идризово“ потпишаа меморандум за соработка поради потребата од заеднички интерес за подобрување на квалитетот на образованието, обуката и воспитанието.

Потпишувањето на Меморандумот за соработка го потпиша ректорот на УМ Т, проф. д-р Изет Зеќири и директорот г-дин Бобан Утковски од Казнено-поправната установа КПУ-КПД „Идризово“.

На средбата на која ректорот Зеќири беше придружуван од проректорите проф. д-р Блерим Саити и вонр. проф. д-р Бујамин Бела, директорот г-дин Бобан Утковски придружуван од неговиот заменик г-дин Африм Идризи, им беа презентирани најновите прогреси и случувања на Универзитетот, како што е зголемувањето на бројот на студентите, особено на Правниот факултет, така и академските случувања кои ја очекуваат оваа образовна институција во наредниот семестар, а сето тоа резултираше и со потпишување на овој меморандум за соработка.

Соработката меѓу УМТ и КПУ Идризово Скопје ќе се реализира преку размена на научни и стручни искуства и знаења, давање стручни мислења во врска со извршувањето на санкциите и начинот на постапување со осудените лица, соработка и взаемна поддршка во организацијата и спроведувањето на стручни и научни конференции, семинари, тркалезни маси, работилници, летни школи, спроведување на студиски посети за студенти на Универзитетот во институцијата како и други форми на соработка за кои ќе одлучат двете институции.

Соработката во спроведувањето на овој Меморандум ќе се заснова врз основа на транспарентност, принцип на почитување, разбирање и отворен дијалог.

By