Скопје, 22.05.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. д-р Беким Фетаји, во својот работен кабинет ги пречека претставниците на Студентското собрание на Универзитетот, со цел продлабочување на соработката и унапредување на студентските права во рамките на универзитетот.

За време на средбата, ректорот Фетаји ја изрази својата отвореност за меѓусебна соработка и внимателно ги сослуша барањата, предизвиците и предлозите презентирани од претставниците на Студентското собрание, кои имаа за цел подобрување на студентскиот живот и зголемување на квалитетот на студискиот процес.

На средбата се разговараше за повеќе значајни прашања, меѓу кои: подобрување на студентската инфраструктура, дигитализирање на административните процедури, олеснување на пристапот до академските ресурси, организирање студентски активности, како и унапредување на активното учество на студентите во академскиот и институционалниот живот на универзитетот.

Ректорот Фетаји ја пофали посветеноста на Студентското собрание и нагласи дека раководството на универзитетот ќе ја поддржи секоја конструктивна иницијатива која доаѓа од студентите, сметајќи ги за рамноправни партнери во развојот на универзитетот.

Средбата заврши со заедничка заложба за континуирана комуникација и институционализација на соработката во корист на студентската заедница и целиот универзитет.

By