Професори од САД, Велика Британија и регионот на семинарот на УMТ

Скопје, 29.09.2025 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe успешно го започна дводневниот семинар за градење на институционални капацитети, важна академска активност со учество на реномирани професори и експерти од Соединетите Американски Држави, Велика Британија и регионот, како и со ангажман на целиот академски и административен кадар на УMТ.

На отворањето на семинарот, ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, ја нагласи важноста на преминот од образовен систем базиран на факти кон образовен систем базиран на вештини, потенцирајќи дека епохата на студентите како „живи енциклопедии“ е завршена. Тој го нагласи развојот на практичните вештини, меките вештини, критичкото размислување, научните истражувања и иновациите. „Нашиот универзитет треба да обезбеди секој студент, покрај знаењето, да се здобие и со компетенции што ги бара пазарот на трудот. Тоа е нашата заедничка мисија,“ изјави ректорот Фетаји.

Програмата на првиот ден вклучуваше три модули за обука, еден од проф. д-р Ендру Гудспид презентиран за образовната трансформација, м-р Силвие Шаќири ја обработи темата за реформите во академското оценување, со фокус на испитите со отворена книга, проф. д-р Кристина Васенар, проф. Дилшад Дајани и проф. д-р Ченс Мејер предаваа за улогата на вештачката интелигенција во високото образование.

Семинарот ќе продолжи утре со специјализирани сесии за факултетите, каде што академскиот кадар ќе се ангажира во анализа и планирање на наставните програми, вклучувајќи ја и работилницата за интегрирање на вештините за вработување и вклучување на научното истражување како клучна компетенција за студентите.

Оваа активност претставува значаен чекор за УМТ кон модернизација на студиските програми, зголемување на академскиот квалитет и подготовка на студентите за глобалниот пазар на трудот, истовремено зајакнувајќи ги врските со алумни мрежата и институционалните партнери.

By