МОДЕРНА АЛАТКА ЗА ПОБРЗ ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ И УНИВЕРЗИТЕТСКИ УСЛУГИ

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe денес ја претстави виртуелната асистентка „Мајка Тереза“, иновативна платформа за вештачка интелигенција која ќе им обезбедува помош и ориентација на студентите, академскиот кадар и посетителите на три јазика: албански, македонски и англиски.

Виртуелната асистентка беше претставена на свечен настан што се одржа во УМТ, на кој присуствуваа претставници на институции, професори, студенти и медиуми. Присутни беа и заменик-министерот за транспорт и врски, г-ѓа Калтрина Зеколи Шаќири, и заменик-министерката за спорт, г-ѓа Сафије Садики-Шахини.

Настанот го модерираше доц. д-р Гента Спахиу Мирзо, која ја нагласи важноста на овој проект како чекор кон дигитализација на универзитетските услуги и олеснување на пристапот до академски информации и процедури.

Ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, во својот поздравен говор нагласи дека: „Со виртуелната асистентка „Мајка Тереза“, нашиот Универзитет влегува во нова фаза на дигитална трансформација. Целта на ова е секој студент и секој вработен да има непосреден пристап до информации, без бариери и без одложувања. Оваа алатка ќе ја подобри комуникацијата, ќе ја зголеми ефикасноста и ќе го доближи Универзитетот до најнапредните меѓународни стандарди.“

Тој додаде дека имплементацијата на оваа платформа е важна не само за информациите, туку и за зајакнување на културата на комуникација и транспарентноста во рамките на институцијата: ‘Оваа дигитална асистентка не е само нова технологија, туку е знак на нашата посветеност да им служиме на студентите со квалитет и одговорност,’.

Виртуелната асистентка „Мајка Тереза“ е создадена за да овозможи брз пристап до академски и административни информации, за да го поедностави ориентирањето во универзитетските услуги и за да го олесни користењето на академските платформи.

Ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји одржа и практична демонстрација, каде студентите и академскиот кадар имаа можност директно да комуницираат со Виртуелната асистентка, да ги тестираат функционалностите и да поставуваат прашања.

Ова предизвика живо интерактивно учество, интерес и конструктивна дискусија за придобивките што оваа платформа ги носи за академските структури на Универзитетот. УМТ нагласува дека Виртуелната асистентка е само почеток на нова фаза на иновации и дигитализација во студенската служба и академскиот кадар.

By