Церемонијата беше проследена со панел-дискусија, во чиј фокус беа солидарноста, граѓанското образование и ангажманот на студентите.
Скопје, 02.12.2025 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во ко-организација со Црвениот крст, ја одржа церемонијата на доделување на јубилејната плакета по повод 80-годишнината од постоењето на Црвениот крст, како значајна благодарност за континуираниот придонес на Универзитетот во промоцијата на хуманизмот, солидарноста и граѓанското образование. По церемонијата следеше панел-дискусија на тема: „Искуства и добри практики како основа за развој на нови хуманитарни стратегии“.
Панелисти на оваа панел – дискусија беа вон. проф. д-р Фати Исени, проректор за образование, вон. проф. д-р Александар Петковски, декан на Правниот факултет, Магбуле Нуредини, студентка од прв циклус студии на програмата Социјална работа и социјална политика, и Сузана Тунева Пауновска, секретарка на Црвениот крст на Градот Скопјe, панел-дискусијата ја модерираше проф. д-р Фадби Османи.
Панелистите дискутираа за современите пристапи на хуманитарните организации, улогата на образовните институции во унапредувањето на културата на солидарност, важноста на ангажманот на младите и градењето одржливи практики за справување со социјалните и хуманитарните предизвици.
Во својот говор, ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, изрази голема благодарност до Црвениот крст на Република Северна Македонија, нагласувајќи дека доделувањето на оваа плакета е вредно признание за работата и посветеноста на Универзитетот: „Денес не сме само дел од церемонија, туку дел од заедничката визија што ги обединува хуманизмот, образованието и општествената одговорност. Хуманизмот е темелот врз кој е изграден нашиот Универзитет, инспириран од фигура на светата Мајка Тереза. Јубилејната плакета е голема чест, но и одговорност да ја продолжиме нашата работа во служба на општеството.“
Тој додаде: „Во оваа ера на глобални предизвици, ни се потребни нови хуманитарни стратегии засновани на знаење, иновација и срце. Нашите студенти мора да бидат не само професионалци, туку и граѓани посветени на општото добро.“
Секретарот на Црвениот крст, д-р Саит Саити, во својот говор изрази голема благодарност за соработката со Црвениот крст на Република Северна Македонија и Градот Скопјe: „Оваа плакета не е само симбол на чест, туку потврда дека нашиот пат кон хуманост, квалитетно образование и меѓуинституционална соработка е фер и одржлив. Придонесот на нашите вработени, студенти и партнери е клучот за успехот на секој проект на Универзитетот.“
Тој спомена дека УМТ ќе продолжи да создава простори каде студентите и универзитетската заедница ќе се ангажираат во хуманитарни активности, како дел од нивното професионално и морално оформување.
Јубилејната плакета, доделена од Црвениот крст на Република Северна Македонија, претставува значајно признание за работата на Универзитетот во поттикнување на солидарноста, соработката со хуманитарните организации, вклучувањето на студентите во општествени активности и промовирањето на културата на хуманизмот.
Ова признание претставува силна мотивација за продолжување на иницијативите и новите проекти кои служат на општеството.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје го повторува своето посветување за зајакнување на улогата на хуманитарното образование и поттикнување на општествената ангажираност кај студентите и академскиот кадар. Овој настан, панел-дискусијата и доделувањето на Јубилејната плакета претставуваа важен чекор кон развој на нови хуманитарни стратегии и одржливи соработки.
