Скопје, декември 2025 година – Во работните простории, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, одржа официјална средба со дипломатски претставници од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје: г. Кервин Маас, раководител на Секторот за печат и култура, како и г-ѓа Сузан Веселји Зука, претставничка на Германската служба за академска размена (DAAD) во Северна Македонија.

Целта на средбата беше разгледување на можностите за продлабочување на академската соработка со германските универзитети, вклучувајќи програми за мобилност, истражувачки партнерства, како и заеднички иницијативи со германската индустрија што делува во земјата. На средбата, ректорот Фетаји беше придружен од проректорите: вон. проф. д-р Фати Исени, вон. проф. д-р Бујамин Бела, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили и вон. проф. д-р Сани Демири, кои придонесоа со своите перспективи за институционален развој и меѓународна соработка.

Дипломатските претставници ја изразија својата подготвеност да поддржат проекти што ја зајакнуваат улогата на УМТ во интернационализацијата и во создавањето нови мостови меѓу академскиот и професионалниот сектор.

By