Скопје, декември 2025 години – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Беким Фетаји во својот кабинет го пречека директорот на организацијата „Метаморфозис“, г. Бардиљ Јашари, познат по неговиот придонес во зајакнувањето на граѓанското општество во земјата.

Целта на средбата беше разгледување на можностите за соработка во рамки на развојни проекти и меѓународни иницијативи, со фокус на зајакнување на институционалните капацитети и промовирање на дигиталната трансформација во образованието.

На средбата присуствуваа и проректорката за меѓународни односи, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, како и г. Бардиљ Туши, кои дискутираа за заедничките потенцијали за развој на иновативни проекти и нови партнерства.

By