Скопје, 11.12.2025 – Факултетот за технолошки науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денес го организираше промовирањето на две значајни книги, чиј автор е поранешниот ректор на УМТ, проф. д-р Азиз Полложани.
Двете дела, кои обработуваат важни и современи теми од етиката во областа на здравството и технологијата, се објавени на два јазика: “Sfidat e reja në etikën shëndetësore”и на македонски јазик „Новите предизвици во медицинската етика“.
На промотивната церемонија присуствуваа академски личности, професори, студенти и рецензенти на делата, кои ја истакнаа важноста на овие изданија за развојот на современото етичко мислење и унапредувањето на одговорните практики во науката и општеството.
Ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, во своето поздравно обраќање нагласи дека ваквите изданија претставуваат значаен придонес во збогатувањето на академската литература, особено во време кога брзите технолошки трансформации бараат постојано преиспитување на етичките стандарди во здравството и другите научни области.
Рецензентите, проф. д-р Драган Даниловски и вонр. проф. д-р Авни Авдиу, го оценија високото научно ниво на двете дела, аналитичките пристапи на авторот и значењето на обработката на темите кои се соочуваат со нови професионални, хумани и правни дилеми.
Уредничката на изданијата, вор. проф. д-р Олга Поповска, го потенцираше професионализмот на авторот, кохерентноста на структурата на книгите и суштинската порака која поттикнува градење етичка култура во здравствените и технолошките институции.
Во своето завршно обраќање, поранешниот ректор и автор на овие научни дела, проф. д-р Азиз Полложани, упати благодарност до присутните. Тој претстави преглед на клучните тези од книгите, нагласувајќи дека основниот предизвик на современата епоха е пронаоѓањето на рамнотежата меѓу технолошкиот напредок и автентичните принципи на здравствената етика. Оваа хармонизација, според него, е клучна потреба за изградба на одржлива и одговорна иднина.
