Скопје, 22.12.2025 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денес организираше свечена церемонија по повод одбележувањето на 9-годишнината од почетокот со работа, крунисување на успешниот академски пат на институцијава. Централниот настан на манифестацијата беше доделувањето на титулата Doctor Honoris Causa на академик проф. д-р Алајдин Абази, по повод неговиот извонреден придонес во развојот на културата, образованието и научното истражување, како и за неговата улога како еден од најистакнатите интелектуалци на албанскиот народ.
Во поздравниот говор, ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, нагласи дека оваа годишнина означува остварување на образовна мисија која го надминува основното академско дејствување.
„Ние не сме само образовна институција, туку заедница посветена на знаењето, хуманизмот и општествената одговорност. Како што велеше Мајка Тереза, ние се стремиме да создадеме позитивни промени преку образование кое ги надминува границите и културите. Секоја предавање, секоја книга и секое научно истражување објавено во овој храм на знаењето е позитивен бран кој ја раздвижува инертноста и ни носи прогрес во општество“, изјави ректорот Фетаји.
Исто така додаде дека Универзитетот ќе продолжи да биде центар за истражување и иновации, создавајќи средина во која секој студент се инспирира да го даде најдоброто од себе.
Во име на централната власт, поздравна говор одржа заменик-претседателот, г. Арбен Фетаи, кој го оцени овој јубилеј како триумф на историската аспирација за Албанците во Северна Македонија.
Заменик-претседателот Фетаи нагласи дека името на Универзитетот не потсетува дека знаењето без етика е празно, а исто така соопшти за претстојното потпишување на меморандум за соработка кој ќе овозможи практики за студентите на УМТ во владината канцеларија.
Кулминацијата на церемонијава се одбележа кога ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Беким Фетаји, му ја додели титулата Doctor Honoris Causa на академикот проф. д-р Алајдин Абази. Ректорот Фетаји, при доделувањето на оваа титула, високо ја оцени фигурата на академик Абази како архитект на високото образование на албански јазик во Северна Македонија.
По овој свечен чин, академик Абази се обрати пред аудиториумот со инспиративен говор, потсетувајќи на неговиот долг професионален пат како инженер, професор и академик. Тој го нагласи значењето на изградбата на институции и образованието на младите генерации, изјавувајќи:
Оваа титула не ми припаѓа само мене, туку на сите оние кои веруваа во визијата за образование на албански јазик. Мојата порака до студентите е едноставна: не чекајте само големи моменти, туку правете ги малите работи со голема љубов. Образованието треба да биде обединувачка сила, а Универзитетот „Мајка Тереза“ денес стои како светлник на знаењето и соживотот во регионот.
Оваа 9-годишнина за првпат беа доделени Почести плакети „Мајка Тереза“. По повод истакнатиот придонес во науката беше одликуван проф. д-р Скендер Кодра, во областа на образованието проф. д-р Хавзи Мустафа, додека за придонес во заедницата плакета беше доделена на г. Бајрам Имери од компанијата „Ефтинија Импекс“.
Оваа годишнина сведочи за зрелоста на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје како непоколеблива тврдина на знаење и хуманост, која продолжува да создава визионерски кадри подготвени за пазарот на трудот.
