Скопје, 22.01.2026 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, денес оствари работна средба со советникот за образование на Амбасадата на Република Турција во Скопје, г. Али Риза Алтунел, на која се разговараше за новите можности за академска и научно-истражувачка соработка.
Во фокусот на средбата беше зајакнувањето на мостовите на соработка, при што страните дискутираа за зголемување на мобилноста на студентите, заеднички научно-истражувачки проекти и интеграција на научните трудови во престижни меѓународни платформи.
Г. Алтунел ја изрази својата целосна поддршка за визијата на УМТ, оценувајќи го универзитетот како значаен центар за развој на интердисциплинарната наука.
На средбата, ректорот Фетаји беше придружуван од тимот на проректори: вон. проф. д-р Фати Исени, вон. проф. д-р Бујамин Бела и вон. проф. д-р Дитурије Исмаили.
Оваа средба претставува уште еден чекор кон интернационализацијата на УМТ, преку зацврстување на стратешките партнерства кои го унапредуваат академскиот квалитет и меѓународниот углед на институцијата.
