Скопје, јуни 2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаjи, го пречека на работена средба директорот на Јавното Претприатие Паркови и Зеленило на градот Скопје, г-дин Јетон Бучи.

На оваа средба беа разгледани конкретни можности за меѓуинституционална соработка, со посебен акцент на заеднички проекти за урбано озеленување, зачувување на животната средина и ангажирање на студентите во практични и истражувачки активности од областа на екологијата и урбанистичкото планирање.

Ректорот Фетаји ја истакна важноста на соработката со јавните претпријатија за да се внесе додадена вредност во образовниот процес и да се создадат можности за активно вклучување на студентите.

Директорот Бучи ја изрази подготвеноста на ЈП Паркови и Зеленило да поддржи заеднички иницијативи со УМТ, нагласувајќи ја важноста од вклучување на младите луѓе во иницијативите за одржлив урбан развој и зачувување на природата.

По завршувањето на средбата, работниците на ЈП Паркови и Зеленило, во соработка со техничкиот персонал на УМТ, продолжија со практична работа на зелените површини на кампусот, вклучително и кастрење на постоечката вегетација, засадување сезонско цвеќе и подобрување на инфраструктурата на јавните простори, со што дадоа директен придонес во создавање почиста и попријатна средина за студентите и академскиот кадар.

By