Скопје, јуни 2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаjи, и г. Елтон Казаџи, претседател на Емi Italy Academy, потпишаа договор за меѓународна соработка, во рамките на зајакнување на академските и научните врски меѓу двете институции.
За време на средбата, ректорот Фетаjи го информираше г. Казаџи за академскиот развој на Универзитетот „Мајка Тереза“, нагласуваќи го зголемувањето на меѓународната соработка, активното вклучување во програмата Еразмус+ и посветеноста на универзитетот кон обезбедување квалитетно и современо образование.
Договорот за соработка предвидува продлабочено партнерство во областа на психологијата и невронауките, и вклучува студентски и академски размени меѓу двете земји, професионални практики и стажирања во областите на психологијата, психотерапијата и невронауката, заеднички научни истражувања за траума, психофизичка благосостојба и применета невронаука, програми за психолошка поддршка за студенти на УМТ, работилници, мастеркласови и специјализации во областа на EMI Therapy, меѓународно призната терапевтска метода.
Оваа соработка претставува важен чекор кон градење одржливи академски и културни мостови и ја консолидира заедничката посветеност кон иновативно и квалитетно образование ориентирано кон човековата благосостојба на европско ниво.





