Скопје, 01.07.2025 година – Денес, во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, се одржа официјална средба која се проследи со церемонија за потпишување на договоро за соработка помеѓу УМТ, под раководство на ректорот проф. д-р Беким Фетаји, и Јавниот универзитет „Кадри Зека“ од Гнилане, претставуван од ректорот проф. д-р Артан Дермаку, со цел зајакнување на академските и научните врски помеѓу двете високообразовни институции.

Овој договор беше потпишан во присуство на високи претставници од двата универзитета, вклучувајќи го проректорот за образование на УМТ, вонр. проф. д-р Фати Исени, проректорот за меѓународна соработка вонр. проф. д-р Дитурије Исмаили и г. Пиштар Лутфиу, генерален секретар на УМТ, додека Универзитетот „Кадри Зека“ го претставуваа проф. д-р Шпреса Ќамили, проректор за образование, и проф. д-р Наим Мустафа, член на Сенатот и дел од академскиот кадар.

Договорот има за цел да создаде одржлива основа за меѓусебна соработка во важни области како што се размена на академски кадар и студенти, соработка во истражувачки и научни проекти, заедничко организирање на конференции, работилници и семинари, промоција на академски публикации и литература на албански јазик, особено во областа на ИТ-технологијата и не само, меѓусебна поддршка во зголемувањето на квалитетот на образованието и иновациите.

Ова партнерство претставува важен чекор кон поврзување на двата универзитета во регионот за создавање заеднички академски простор, насочен кон зајакнување на истражувачките капацитети и квалитативна подготовка на новите генерации.

By