Турција/Истанбул, 16.10.2025 година – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, оствари официјална посета на Универзитетот Мармара во Истанбул, каде што беше пречекан од ректорот на Универзитетот Мармара, проф. д-р Мехмет Емин Окур.

Ректорот Фетaји, придружуван од проф. д-р Зоран Трифунов, проф. д-р Моника Лутовска и проф. д-р Владимир Китаноски, оствари работна средба со високи претставници на Универзитетот Мармара, меѓу кои беа проф. д-р Умит Сулејман Шехирли проректор, проф. д-р Аху Алтинкут Унџуоглу професор од Факултетот за инженерство и проф. д-р Сема Ѓундуз, професор на истиот универзитет.

Оваа средба се одржа во кабинетот на ректорот на кампусот Султанахмет, во пријателска и соработувачка атмосфера, каде што двете страни ги разгледаа можностите за продлабочување на соработката во областа на високото образование, научно-истражувачката дејност и развојот на заеднички меѓууниверзитетски проекти.

By