Скопје, 31.10.2025 – Во присуство на академски и меѓународни претставници, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, и директорот на Европската организација на геодети EGoS (European Group of Surveyors) со седиште во Рим, Италија, г. Николаос Захариас потпишаа Меморандум за разбирање, со што се поставуваат темелите за одржлива соработка во областа на научното истражување и развојот на образовни програми.
Овој меморандум има за цел да го зајакне меѓуинституционалниот соработувачки развој на заеднички образовни и истражувачки програми, размена на професионални искуства и промоција на проекти кои придонесуваат за напредокот на геодетските и картографските науки на европско ниво.
Страните се согласиле идните активности да се дефинираат детално преку посебни меморандуми за соработка, кои ќе ги конкретизираат специфичните области на дејствување, во согласност со временските можности и финансиските ресурси на двете институции.
Овој чин претставува важен чекор кон зајакнување на европската научна соработка и нова можност за развој на професионалната експертиза во областа на геодезијата и картографијата.
