Скопје, ноември 2025 година – Во знак на зајакнување на соработката меѓу високото образование и приватниот сектор, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји на работен средба ги пречека претставниците на компанијата ЕВН Македонија, г-дин Виган Адеми и г-дин Фисник Осеку, за да разговараат за перспективите за заеднички развој.
Ректорот Фетаји, придружуван од генералниот секретар м-р Пиштар Лутфиу и членот на Сенатот на УМТ, вон проф. д-р Аргетим Салиу, ги информираше претставниците на ЕВН Македонија, г-дин Адеми и г-дин Осеку, за најновите случувања на универзитетот, вклучувајќи ги студиските програми, фокусот на професионалната пракса и напорите за приближување на пазарот на трудот со високото образование.
На средбата се разговараше за можностите за соработка помеѓу УМТ и EВН Македонија, со посебен акцент на развојот на студентските пракси, заеднички истражувачки проекти и унапредување на професионалните вештини во согласност со современите барања на енергетскиот и технолошкиот пазар.
Двете страни изразија подготвеност за градење одржливо и долгорочно партнерство, кое ќе придонесе за подготовка на нов квалификуван кадар и зајакнување на врските помеѓу универзитетот и економскиот сектор.
