„Промоција на книгата ‘Постмодернистички размислувања на Фејсбук’ од проф. д-р Сунај Раими“.

Скопје, ноември 2025 – Во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје се одржа промоција на најновата книга на авторот и професорот на УМТ, проф. д-р Сунај Раими, со наслов „Постмодернистички размисли на Фејсбук“. Настанот се одржа пред голема публика, меѓу кои имаше и академски претставници, истражувачи, студенти и љубители на книгата.

На оваа промоција говореа и ги споделија своите оценки за книгата: ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р Мустафа Ибраими, поетот проф. д-р Севдаил Демири, директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, проф. д-р Бесник Емини, како и универзитетскиот професор, вон. проф. д-р Авни Авдиу, кои ги истакнаа книжевните, филозофските и општествените вредности што ги пренесува ова издание.

Во својот говор, ректорот Фетаји нагласи дека ова издание е „книга за сите нас, критичко огледало на нашето време и покана за свесност кон дигиталните траги што ги оставаме и реалностите што ги создаваме.“ Деканот Ибрахими ги оцени анегдотите и филозофските пристапи што авторот ги вклучил, кои пренесуваат силни пораки за секојдневниот живот.

Директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, г. Емини, го оцени стилот на авторот како уникатен и храбар, нагласувајќи ја спојката меѓу филозофската и социолошката рефлексија и креативната енергија на еден „рок-кантавтор“. Поетот Демири зборуваше за интелектуалната храброст на авторот Раими во деконструкцијата на чувствителни теми како што се политиката, нееднаквостите, религијата, љубовта и човештвото. Професорот Авни Авдиу го истакна оригиналноста и посебниот стил на авторот, кој им се обраќа на широка публика – истражувачи, критичари, поети и страствени читатели на пишаниот збор.

На крај, авторот проф. д-р Сунај Раими им се заблагодари на присутните и зборуваше за предизвиците на книгата во ерата на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека „култот на книгата и ритуалот на читањето треба да останат живи во секое време.“ Настанот го модерираше доц. д-р Арта Џелили, декан на Факултетот за социјални науки при УМТ.

На крајот од настанот, се одржа интерактивна дебата помеѓу авторот, присутните професори и студенти, каде што беа разменети мисли и размислувања за влијанието на социјалните мрежи врз современиот живот и улогата на литературата во дигиталнота ера. Дискусијата се карактеризираше со отворени прашања, храбри идеи

и силен академски дух што дополнително го збогати значењето на промовираното дело.

By