Скопје, ноември 2025 година – Во организација на Федерацијата на универзитетски спортови на Северна Македонија, студентите од Одделот за спорт и спортски науки од Факултетот за социјални науки на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe го одиграа последниот натпревар од сезоната во салата на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Футсал тимот на УМТ, предводен од вонр. проф. д-р Агон Саити и м-р. сц. Муамер Абдулау, водеше во текот на целиот натпревар со резултат од 1-0. Сепак, во последните минути резултатот беше израмнет и тимот на УМТ го заврши предизвикот на пенали со резултат од 5-3, покажувајќи силен и респектабилен настап.
Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe упатува голема благодарност до натпреварувачкиот тим и до раководниот кадар за достоинственото претставување и за успехот кој го осветли името на универзитетот на меѓууниверзитетската арена.
Честитки до играчите на УМТ, и само успеси на нивниот пат кон уште повисоки спортски резултати.
