Скопје, ноември 2025 година – Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, предводен од деканот вон. проф. д-р Неритан Туркеши, потпиша Меморандум за соработка со компанијата ЕКОФЛУИД, предводена од г. Бесник Адеми, лиценцирано претпријатие специјализирано за рециклирање на употребени масла од домаќинствата и возилата. Овој меморандум претставува значаен чекор кон зајакнување на врската меѓу високото образование, индустрискиот сектор и одржливите еколошки практики.
Меморандумот предвидува реализација на заеднички академски и професионални активности, вклучувајќи го ангажирањето на студентите во студиски посети и професионални практики, соработката на истражувачки и иновативни проекти, организирањето обуки и тематски работилници, како и промоцијата на современи технологии за рециклирање и управување со отпад.
Ова партнерство директно ќе придонесе за зголемување на практичното искуство на студентите, развојот на професионалните компетенции и зајакнување на еколошките практики во регионот. Факултетот за технички науки при Универзитетот “Мајка Тереза“ во Скопје и компанијата ЕКОФЛУИД ја изразуваат нивната заедничка посветеност за поддршка на одржливиот развој, иновациите и примената на високите професионални стандарди во областа на инженерството и заштитата на животната средина.
ЕКОФЛУИД, како колективен оператор и промотор на циркуларната економија во земјата, организира собирање, транспорт и безбедно третирање на употребените масла, применувајќи напредни еколошки стандарди. Неговата мисија е да се намали негативното влијание на отпадните масла врз животната средина, да се промовираат одговорни практики на нивно управување и да се придонесе за создавање почиста, посигурна и поодржлива иднина за општеството.
