Марсеј, Франција, април 2026 година– Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, придружуван од проректорот вон. проф. д-р Бујамин Бела, оваа недела учествуваа на меѓународна обука насловена „Од локално до глобално: Обликување на иднината на меѓународното образование“ (From Local to Global: Shaping the Future of International Education), настан организиран од Асоцијацијата на франкофонски универзитети TETHYS во соработка со Академската алијанса на европските универзитети CIVIS, одржан во Марсеј, Франција

Во текот на многу интензивна недела, програмата за обука беше изградена околу главните димензии на интернационализацијата на високото образование и моделите за финансирање. Конкретно беа разгледани основните концепти и институционалните стратегии за негов развој, како и начините на нивна практична примена во рамките на студиските програми и секојдневниот академски живот.

Посебно внимание беше посветено на интернационализацијата на наставните програми преку стратешки партнерства, заеднички BIP програми и иновативни формати како COIL, моделите на финансирање и хибридните програми. Една од темите што беше отворена беше и концептот „internationalisation at home“, односно интеграција на меѓународната димензија директно во студентското искуство, без потреба од физичка мобилност. Идејата, во суштина, е да се донесе светот во кампусот.

Исто така се дискутираше улогата на регрутирањето и промоцијата на меѓународни студенти, изградбата на диференцирани стратегии според региони и таргетирани профили, како и креирањето долгорочни проекти што гарантираат реално и мерливо влијание. Проекти што не се избрзани и без јасна визија, туку оние што долгорочен белег.

Преку интерактивни работилници, тркалезни маси и размена на практики со партнерски универзитети од различни земји, ова искуство значително го збогати институционалниот визион и ги отвори вратите за конкретни соработки што може да се реализираат во наредните месеци.

By