Скопје, 14.05.2026 – Денес, во просториите на работниот кабинет, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, го пречека на официјална средба првиот заменик-претседател на Владата, воедно и министер за европски прашања, д-р Беким Сали.

На оваа средба, ректорот Фетаји беше придружуван од тимот на проректори на УМТ: проф. д-р Сани Демири, проф. д-р Фати Исени, вонр. проф. д-р Дитурије Исмаили и вонр. проф. д-р Бујамин Бела. Од друга страна, првиот заменик-претседател на Владата, г. Беким Сали, на оваа работна посета беше придружуван од заменик-министерот за образование и наука, г. Дритон Сулејмани, советникот г. Сахмедин Сали, како и г. Афан Елези.

Во текот на разговорот, страните дискутираа за текот на образовниот процес на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, предизвиците на институционалната консолидација и важноста на соработката меѓу извршната власт и академската сфера во функција на европските интеграции и унапредувањето на квалитетот во високото образование.

Ректорот Фетаји упати благодарност до владината делегација за континуираната поддршка на универзитетот, истакнувајќи дека УМТ останува значаен центар за подготовка на кадри кои директно ќе придонесат за развојот на државата и интегративните процеси.

Заменик-претседателот на Владата г. Сали и заменик-министерот г. Сулејмани ја изразија својата подготвеност да ги поддржат стратешките проекти на универзитетот, со посебен фокус за подобрување на условите за студирање и унапредување на научно-истражувачката дејност.

По официјалната средба, агендата продолжи со отворена панел-дискусија, на која учествуваа владините претставници, академскиот кадар и студентите. За време на панелот беа разменети мислења и конкретни идеи за улогата на образовните институции во интегративните процеси на државата, како и за новите можности за соработка меѓу јавниот сектор и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

By