Скопје, 02.09.2026– Денес, во просториите на Општина Чаир, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, и градоначалникот на Општина Чаир, г. Изет Меџити, го потпишаа билатералниот меморандум за соработка, обединувајќи ги академското знаење и институционалната одговорност во служба на здравјето и правилниот развој на децата.
На свеченото потпишување, ректорот проф. д-р Беким Фетаји беше придружуван од проректорот вонр. проф. д-р Бујамин Бела, генералниот секретар д-р Рахим Јашари, д-р Седат Бафтиу, м-р Аритон Рама, како и претседателот на Универзитетското студентско собрание, Бесар Сејдиу.
Соработката меѓу УМТ и Општина Чаир се реализира во рамките на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“ и има за цел организирање стручни проценки, како и одржување едукативни предавања за превенција на можни деформитети на ’рбетниот столб кај децата од основните училишта. Со почетокот на новата учебна година, професори и експерти од УМТ ќе реализираат практични и насочувачки активности за правилното држење на телото при седење во училишните клупи, соодветното носење на училишната ранец и значењето на редовната физичка активност.
Иницијативата се позиционира како долгорочно партнерство кое става акцент на превенцијата, здравствената едукација и раната грижа, пред да се појават физички нарушувања кај децата во периодот на растење.
Вклучувањето на академскиот кадар на УМТ му дава на овој проект висок степен на професионален и институционален кредибилитет, овозможувајќи им на родителите и наставниците навремено да добијат стручни совети.
За време на потпишувањето беше истакнато дека најдобрата инвестиција за здравјето е онаа што се превзема навреме, додека Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје останува посветен на ставање на своите научни и човечки капацитети во директна служба на заедницата и на новите генерации.
