Проректорката за меѓународни односи, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, учествуваше на работната средба на WG3: „Мапирање на резултатите и развој на анкети“ (WG3 Collaborative Working Meeting: Mapping Results and Survey Development), кој се одржа на 8–9 октомври 2026 година на Универзитетот „Етвеш Лоранд“ во Будимпешта, Унгарија, во својство на раководителка на Подгрупата 1 во рамките на Работната група 3 (WG3) на проектот HUMAN-IT – COST Action CA24167.

Дводневната средба, организиран во хибриден формат, ги обедини членовите на WG3 со цел разгледување на извештаите од мапирањето по земји, дискусија за клучните наоди, идентификување на заедничките трендови и истражувачките празнини, како и унапредување на развојот на усогласени анкети за засегнатите страни. Како раководителка на Подгрупата 1, проректорката даде свој придонес во заедничката работа, насочена кон зајакнување на истражувачката рамка и обезбедување координиран пристап кон вклучувањето на засегнатите страни и собирањето податоци во сите земји учеснички.

Фокусот на средбата беше ставен и на финализирањето на пет анкети наменети за различни групи засегнати страни, кои ги опфаќаат академскиот сектор, практичарите, владините институции и креаторите на политики, приватниот сектор, како и невладините организации (НВО) и граѓанското општество. Истовремено, беа разгледани барањата на Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR), етичките прашања и стратегиите за дисеминација на информации. Учесниците дополнително ги координираа плановите за активностите во втората година, вклучувајќи работилници, школи за обука, краткорочни научни мисии (STSM), научни настани и можности за вмрежување.

Учеството на овој средба ја потврдува континуираната посветеност на институцијата кон меѓународната истражувачка соработка, размената на знаења и активното учество во европските научни мрежи, придонесувајќи директно кон остварувањето на целите и реализацијата на активностите поддржани од HUMAN-IT COST Action.

By