По повод на две годишнина од донесувањето на Законот за основање на Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје, ги презентираме деталите за договорот на победничкиот проект за изградба на Универзитетскиот Комплекс “Мајка Тереза” во Скопје.
Универзитетот „Мајка Тереза„ во Скопје како нов универзитет со единствена главна цел за унапредување на високото образование и подигнување на стандардите, но исто така покажува и транспарентност кон јавноста. Јавноста покажа интерес за градежниот проект на УНТ, тоа го докажува и фактот дека има заинтересираност од страна на јавноста за консолидација и одржување на работните места во оваа институција од витален нивни интерес и во интерес за идните генерациите што доаѓаат.
Наша цел е да им овозможиме на студентите во Македонија да имаат одлична атмосфера за научно проучување и истражување. Исто така ги отворивме ширум нашите врати и сакаме да бидеме колку што е можно потранспарентни, службата за односи со јавноста на УНТ ќе презентира и некои други факти и податоци поврзани со изградбата на новиот објект на УНТ.
1.Каде ќе биде поставен објектот, исо колкав простор ќе располага?
Новиот Универзитетски комплекс планиран е да биде изграден во областа на поранешната касарна со површина од 22.000 м2.
2.Кои се условите кои ги понуди новиот објект?
Овој комплекс, по својата содржина и концепт, претставува објект со уникатни стандарди и димензии за нашата земја. Во горенаведениот текст с дека ќе се изгради Комплекс со 5 факултети (од кои 4 технички факултети), и административни простории, полу-олимписки базен, спортска сала, библиотека и други простории (простории за изложби, ресторан, гаражи и сл.) со дизајнирана површина од 95.102 м2 (специфични димензии соодветни за секоја компонента опфаќајќи го и ентериерот). Од бруто просториите на објектот, предвидени се 1/3 да бидат студиски лаборатории за 15 студиски програми за технички науки, три големи амфитеатри и други простори потребни за 8 програми за социјални науки.
3.Колку студенти ќе можат да студираат на овој објект? Дали ќе има простори за дополнителни студентски активности?
Концептот е прилагоден според барањата од проектните задачи за да ги задоволи барањата за студирање од 5500 до 6000 студенти (на сите нивоа на студии). Универзитетскиот комплекс, покрај визуелниот концепт кој е дизајниран, исто така е соодветно дизајниран за да им обезбеди на студентите топла, позитивна и заедничка средина која ќе ги мотивира во текот на студирањето, со што ќе дојде во развој нивниот интелектуален, општествен и индивидуален живот. Затоа се предвидени заеднички простории (библиотека, изложбена сала за студенти, ресторан, базени и спортска сала, како и безбедна и пријатна зелена и отворена површина околу комплексот.
4.Што опфаќадоговорот за имплементација на Проектот кој произлегува од постапките за јавни набавки?
Идеорниот концепт на Универзитетскиот комплекс, врз основа на дефинираната проектна задача, е избран од страна на Изборниот одбор составен од седум членови од различни институции од земјата и од странство. Постапката за избор и онаа за јавни набавки беше спроведена врз основа на членот 99, алинеја 1, точка 3 од Законот за јавни набавки. Изборот го извршија 8 шифрирани конкуренти (анонимни за избирачката комисијата) и е склучен договорот за реализација на Проектот за имплементација во согласност со Законот. Редовноста на постапката за јавни набавки е потврдена од страна на релевантно овластени агенции.
Вредност на имплементација на проектот по област:
– Површина на бруто градба
35,595.72 м2 x 550,00 денари = 19.577.646,00 денари
– Површина на подземно паркирање (-2)
– 10,000.00 м2 x 307,50 денари = 3.075.000,00 денари
– -Површина на подземно паркирање(-1)
– 4,000.00 м2 x 307,50 денари = 1.230.000,00 денари
– Површина на партерно уредување и надворешни собраќајници
13,507.80 м2 x 369,00 денари = 4.984.378,20 денари
– Површина за ентериерно пројектирање и уредување на мебел
32,000.00 м2 x 307,50 денари.=9.840.000,00 денари
Вкупно проектирани:
95100м2 = 38.707.019,20 денари *
* По м2, просечна единица за вредност без ДДВ е 407ден (6,6 Еур) / м2
Покрај елементите кои се опфатени во Архитектонскиот проект и интерната регулатива (ентериер), потребни се и теренска работа и истражувачки активности за добивањето на градежната дозвола:
– Геодетски елаборат за градежна парцела со ажурирана подлога;
– Студија за проценка на количината на подземни води и издишност на експлотациони бунари.
– Студија за одредување на сеизмички параметри на локација според Македонски стандарди.
– Студија за одредување на сеизмички параметри на локација според Македонски стандарди.
– Студија за одредување на сеизмички параметри на локација според Македонски стандарди.
– Мислење за проектиран степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита (МИС – за проектираниот објект).
– Елаборат за енергетска ефикасност.
За целокупната документацијапредвидени се вкупно: 9.792.981 денари:
Вредноста на договоротги вклучува сите елементи кои овозможуваат исполнување на условите за добивање на дозвола за градба, со цел да се овозможи што е можно побрзо и правилно започнување на работите во 2018 година и нивно продолжување без никакви пречки.
За споредба, вредноста на договорот по метар квадратене поевтина за 30% од други слични објекти изградени во Македонија. Вредноста на договорот на проект за имплементација на УНТ во споредба со проектираната вредност предвидена за реализирање е помала за 3% од вкупната вредност. Овие податоци даваат рационално и законско образложение кое е превземено за изградба на Универзитетски комплекс на УНТ.
5.Како се одвива понатамошната изградба на новиот објект на УНТ?
Наведените процедури и остварените договори ни овозможија да ги завршиме до крајот на Април 2018 година горе наведените активности. Сметаме дека во текот на месец Мај, ќе ни издадат дозвола за градба со која ќе можеме да се започнеПостапката за јавни набавки (тендерот) за изградба на објектот, кој го одредува и почетокот на фазата за изградба на Универзитетски комплекс.
6.Кога е планирано да биде завршен целиот проект?
Според планираната динамика, изградбата ќе трае во наредните три години. Додека во меѓувреме ние создаваме оптимални услови за достоинствено реализирање на студиите, и во привремените објекти каде што од самиот почеток започна со работа УНТ.
За повеќе прашања и информации, ве молиме контактирајте не.