Презентација на Универзитетот ‘Мајка Тереза’во Скопје во средното училиште СУГС ‘Владо Тасевски’ Скопје.

57068490_2186024528171635_6432787220339359744_o

Скопје, 16.04.2019 Професори од Универзитетот Мајка Терезаво Скопје, одржаа презентацијата пред матурантите на средното училиште СУГСВладо Тасевски’ во Скопје.

 Тимот за презентација на УМТ, кој беше составен од професорите Оливера Петровска и Јован Христовски, ги информира матурантите на ова средно училиште со насоките кои се соодветни на постоечките профили од училиштето.

Во првиот дел беа презентирани факултетите и постоечките насоки, универзитетскиот веб сајт, физичката локација на УМТ и предностите кои произлегуваат од неа.

 Беа објаснети предностите на студирање на државен универзитет во Скопје. Беше прецизирано дека сите програми и насоки на УМТ имаат акредитација од МОН.

 Во вториот дел од презентацијата имаше интерактивна комуникација со учениците каде што поставуваа голем број на прашања околу насоките, а посебно за насоката Сообраќајно транспортно инженерство и Царина, шпедиција и осигурување.

На учениците им беа поделени флаери од УМТ.

Share it with your friends...Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn