Професорката на Факултетот за технолошки науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, вон. проф. д-р Емира Имери, е добитничка на наградата „Најдобра костимографија“ во рамките на Театарскиот фестивал „Моисиу“.

Наградата ѝ е доделена за нејзината сценска работа во претставата „Волшебникот од Оз“, во режија на Куштрим Бектеши, а во продукција на Тетовскиот театар.

За УМТ, ваквите успеси се одраз на посветеноста на академскиот кадар кон подигнувањето на квалитетот и промовирањето на уметноста и културата на национално ниво.

Искрени честитки за овој заслужен успех!

By