Скопје, 17.04.2019 Тимот од Универзитетот ‘Мајка Тереза’ од Скопје составен од проф. д-р Оливера Петровска и м-р Јован Христоски, во рамките на промовирање на универзитетот, беше во посета на средното училиште АСУЦ ‘Боро Петрушевски’ – Скопје.
Матурантите беа детално запознаени со петте факултети и нивните студиски програми, како и за условите за студирање, опременоста на универзитетот со лаборатории за секоја студиска програма и придобивките од студирањето на Универзитетот ‘Мајка Тереза’ во Скопје.
Исто така беа запознаени со локацијата и веб страната на универзитетот.
Во вториот дел имаше дискусија од прашањата кои ги поставуваа матурантите.
Дел од матурантите изразија желба да дојдат во посета на нашиот универзитет.
На учениците им беше поделен рекламен материјал од УМТ.