ВО УМТ ПРЕТСТАВЕН ВЛАДИНИОТ КОНЦЕПТ ‘ЕДНО ОПШТЕСВО ЗА СИТЕ’

DSC_0957

Скопје, 12.06.2019 Владиниот концепт “Едно општество за сите и интеркултурализмот’ денеска беше претставен пред академскиот кадар на Универзитетот “Мајка Тереза во Скопје.

На дебатата, координаторот на кластер социјална кохезија и посебен советник на премиерот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Фатмир Битиќи ја претстави нацрт-верзијата на “Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализмот во Македонија”, со која владата во идина има намера да ја подобри нееднаквоста во различни области во земјата, како иправично да ги застапува припадниците на заедниците, според етничка, религиска и јазична припадност.

На воведното обраќање ректорот на УМТ, проф. Д-р Азиз Положани, на панелот во кој присуствуваа и заменик-министерот за образование и наука, г-дин Петар Атанасов и пратеникот г-дин Рубин Земон, рече дека нееднаквоста во општеството не се случува како резултат на немање ориентационен документ, како што е оваа стратегијабидејќи во претходните години а и сега, постои Охридскиот договор, но нееднаквоста сепојавува како резултат на пасивноста на институциите во спроведувањето на одредбите од тоа што е постигнато.

Вкупната оценка е дека овие феномени покрај тоа што се случиле во минатото, се случуваат и во сегашноста”, рече Положани. Тој понатаму додаде дека “”Интеркултурализмот и повеќејазичноста ги претставуваат меѓусебните односи меѓу различните култури, народите треба да бидат подготвени да влезат во овој процес со нивните најконсолидирани карактеристики. Овој однос, односно “дијалогот меѓу културите”, на народите ќе биде поквалитетен, понапредниот и култивиран јазик и култура на секој од нив поединечно..

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов рече дека Македонија во изминатите 20 години смогна сили и собра храброст да се соземе, а општеството созреа. Сега отвараме дијалог, за тоа што треба да превземее во иднина, бидејќи е подготвен од најдобри експерти, бидејќи сеуште постои поделеност, особено во сферата на образованието каде учениците и студентите се целосно одвоени, изјави Атанасов.

Пратеникот Рубин Земон, рече дека таквата стратегија е неопходна за земјата, бидејќи за разлика од Охридскиот договор, кој беше донесен во екстремно тензични услови, аваа е подготвена во мир и со максималнa грижа, и е прв ваков проект во државата наменет за интеркултулализмот.

DSC_0915 DSC_0922 DSC_0947 DSC_0991 DSC_0910

Share it with your friends...Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn