Сенатот на Универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје на 28.06.2019 година ја одржа 13-та седница, меѓу кои на дневен ред беа и изборот на претседател на Сенатот на УМT, Верификација на мандатот на избраните декани на петте факултети, како и изборот на три проректори на овој универзитет, со што се заокружи процесот на основање на постојани тела на оваа институција во согласност со Законот за високото образование.
Избрани тела на Универзитетот “Мајка Тереза” се:
Претседател на Сенатот на УMT беше избран Вонр.проф. д-р Блерим Саити
Проректори на УМТ беа избрани:
Проректор за настава и студентски прашања: Вонр.проф. д-р Зоран Трифунов
Проректор за финансии, инвестиции и развој: проф. . Вонр.проф. д-р Ризван Сулејмани
Проректор за наука: Проф. д-р. Блерим Фетаји
За декан на факултетите беа потврдени:
1. Факултет за градежништво и архитектура: Проф. д-р Зекирија Идризи
2. Факултет за информатички науки: Вонр.проф. д-р Александар Димовски
3. Факултет за технички науки: Вонр.проф. д-р Агим Мамути
4. Факултет за технолошки науки: Доц. д-р Сани Демири
5. Факултет за социјални науки: Проф. д-р Сунај Раими
На почетокот на седницата, ректорот на Универзитетот “Мајка Тереза” извести за досегашните резултати на оваа институција за високо образование, тековните активности и предизвиците со кои се соочува.
Сенатот на УМT со задоволство го констатираше успешното заокружување на оваа академска година, во која ја имавме првата генерација на апсолвенти и први дипломци на нашиот универзитет, исто така вреднувајќи ги и подготовките за новата академска година и констатирајќи целосна подготвеност за започнување на новата академска година.
По задоцнетиот почетокот на првата академска година, имено на 27 октомври 2016 година, денес, УМТ има пет факултети, сите во дефицитарни области, 36 студиски програми, прв и втор циклус и околу 1500 студенти, 100 професори и асистенти, и повеќе од 50 администратори на различни нивоа. УМT успеа да ги отвори вратите за соработка со 22 универзитети од земјата и регионот. Во меѓувреме, УМТ исто така го додели и првиот наслов Doctor Honoris Causa, на добитникот на Нобеловата награда, д-р. Ферид Мурад.
Исто така, со задоволство беше констатирано дека иако е нов универзитет, УМT беше вклучен во Erasmus+, проектот за мобилност за своите студенти и предавачи, а оваа година се забележува дека има голем интерес и можности. Наставниците оваа година учествуваа на два меѓународни проекти, од кои еден е предводен од педагози на УМT и два важни национални проекти.
Ректорот на УМТ Проф. Д-р Азиз Положани, ги информира членовите на Сенатот со сегашниот тек на активностите и предизвиците со кои се соочува оваа висока образовна институција на албански јазик.
Водечкиот кадар, како главни предизвици со кои се соочува Универзитетот “Мајка Тереза” ги идентификува:
Прво – итна потреба за дополнителен простор за студентите во 2019/2020 година, но и потребата од забрзување на постапките за изградба на универзитетскиот комплекс “Мајка Тереза” на новата локација дефинирана од Владата на РСМ, како основна потреба за реализација на нашата активност, исто така врз основа на јасна дефиниција на владината програма.
Второ – итен преглед на моделот за финансирање на високото образование, кој е идентификуван како една од главните причини за намалување на квалитетот на образованието. Зависноста на платите на високообразовните работници од плаќањето на партиципација од страна на студентите, не обезбедува соодветна објективна академска мотивација за зачувување на квалитетот на студиите. Згора на тоа, неповолните општествени слоеви на населението и спецификите на студиите од техничките области, мисија која УМТ ја презема во свои раце, поради горенаведените услови, да секој ден и се повеќе ги зголеми барањата на нашите студенти за ослободување од плаќање на партиципации.
Сенатот на УМТ е на мислење дека само ревизија на моделот на финансирање на високото образование преку обезбедување на пристојно ниво на платите на наставниците, кои нема да зависат од партиципации на студентите, и значителното намалување до целосно отстранување на плаќање на партиципацијата на студентите за нивните студии, ќе создаде услови за одговорност и соодветна академска мотивација за квалитетот во високото образование.
Скопје 28. 06.2019