Скопје, 29. 08. 2019 Центарот за претприемништво, едукација и трансфер на технологии на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје усвои План за реализација на подготвителни часови по разни предмети, како што се: математика, програмирање, англиски јазик, албански јазик, македонски јазик, претприемништво и други предмети во зависност од барањата, а ќе бидат обезбедени од академскиот персонал на УМТ.
Курсевите и обуките за секој од горенаведените предмети ќе се спроведуваат за ученици од основни и средни училишта, студенти (освен за студенти на УМТ), работници или претставници на деловниот сектор, а ќе бидат одржани во просториите на УМТ.
Центарот ЦПЕТТ врз основа на добиено овластуванње од министерството за труд и социјална политика, врши обуки од областа на Безбедност при работа кои се законска основа на работодавачите во сите мали, средни и големи претпријатија во Република Северна Македонија..
Заинтересираните можат да добијат дополнителни информации во канцеларијата 602 во просториите на Ректоратот на Универзитетот Мајка Тереза во Скопје (зграда на синдикатот, 6-ти спрат).
Центар за претприемништво, едукација и трансфер на технологии