pollozhani....

Почитувани соработници,
Драги пријатели,

Годината што ја завршуваме беше година на предизвици, со многу заложби, со многу спроведени проекти, повеќето заедно со вас….

Од дното на срцето Ви посакувам Новата година 2020-та да ве најде во полно здравје, со уште поголеми успеси и со уште поплодна соработка.

Како нов универзитет и во процес на eтаблирање, оваа година постигнавме многу, секако со помош на нашите пријатели, владини претставници, академици, административци, надворешни и внатрешни соработници….

Ги постигнавме поставените цели за оваа година, го зголемивме бројот на студенти, ангажиравме повеќе предавачи и административци, ги зголемивме студиските капацитети. Следната година се надеваме дека ќе ја започнеме изградбата на новиот кампус на универзитетот Мајка Тереза.

Во оваа прилика дозволете ми да Ви посакувам убав дочек на новогодишните празници, заедно со вашите најмили.

Здравје и многу успеси, среќа и благосостојба.

Среќна 2020!

Проф. Др. Азиз Положани
Ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Share it with your friends...Share on FacebookShare on Google+Tweet about this on TwitterShare on LinkedIn