Универзитетот „Мајка Тереза“, согласно мерките преземени од страна на Владата за престанок на конвенционалната настава со цел да се избегне директен контакт и да се спречи ризикот што произлегува од ширењето на пандемискиот вирус Ковид-19, ќе продолжи со работа по електронски пат, односно онлајн.

Ректорскиот извршен одбор на одржаниот онлајн состанок го разгледуваше прашањето и изготви препораки за спроведување на наставниот процес и функционирањето на Универзитетот согласно мерките преземени од страна на Владата, но и од страна на самиот Универзитет, а со цел да одговори на предизвиците предизвикани од Ковид-19. Предавањата ќе се одвиваат онлајн, со користење на онлајн платформите Гугл Класрум (Google Classroom) и Гугл Мит (Google Meet) – за спроведување виртуелна настава, со цел исполнување на академската мисија на Универзитетот.

Сиот наставен кадар на универзитетот „Мајка Тереза“ ќе држи онлајн настава со користење на споменатите онлајн платформи, каде студентите и студентките ќе можат да испраќаат семинарски работи и домашни задачи, да слушаат предавања и да преземаат материјали за учење.

Спроведувањето онлајн настава ќе продолжи сè до почетокот на работата во нормални услови.

 

 

By