Претставници на Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со Центарот за иновации основан пред неколку години на Универзитетот „Мајка Тереза“, денес одржаа информативна средба со студентите и студентките на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, на која присутните беа информирани за финансиската поддршка што овој државен фонд им ја нуди на студентите и студентките.
Инструментот за поддршка е сооснован грант за стартап компании кои имаат за цел да ги зголемат иновациите преку обезбедување на потребната финансиска поддршка за истражувачки и развојни активности на стартап и спиноф компании.
Алатката предизвика интерес кај студентите и студентките затоа што се стреми кон култура на преземање ризици и поттикнување иновации и им дава поддршка на младите иноватори и иноваторки заинтересирани за развој на нов или усовршен производ, процес или услуга.
Инструментот поддржува проекти што се во фаза на утврдување на концептот од предкомерцијалната (предпазарната) фаза и со реалистичен план за комерцијализација.