Кичево, мај 2021 година Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје спроведе online презентација за матурантите од средното општинско училиште „Дрита” во Кичево.
На промоцијата, професорите доц. д-р Букурие Имери-Јусуфи, доц. д-р. Уриме Демири- Шаипи и доц. д-р Теута Јусуфи-Зенку ги информираа матурантите за мисијата, визијата, предностите на студирање на УМТ. Во меѓу време, професорите ги запознаа матурантите со сите моментално активни факултети и студиски програми и со оние кои се во процес на акредитација. Исто така, професорите на УМТ ги објаснија можностите за вработување по дипломирањето на петте факултети на УМТ и додадоа дека сите насоки се дефицитарни и создаваат кадар кој многу лесно се вработува, бидејќи овие професии недостигат на пазарот на трудот.
За време на дискусијата, матурантите од средното општинско училиште „Дрита” во Кичево, се заинтересираа за факултетите, кадарот на УМТ и за начинот на сместување за време на студиите на единствениот јавен универзитет на албански јазик во Скопје.