Скопје, 05.05.2021 Факултетот за технолошки науки, насока „Текстил, дизајн и моделирање“ денес ја одржа првата модна изложба со наслов „Put the mask on!“

Во присуство на ректорот на УМТ, проф. д-р. Азиз Положани, професори од оваа област, студенти од сите три години, на изложбата беа претставени најдобрите изработки од страна на студентите од оваа насока, опфатени од различни теми.

Ректорот Положани во воведниот говор им честиташе на студентите и професорите за нивната работа, додавајќи дека ваквите изложби се најпопотребни и поздравени од било кога и да било, по сите тие ограничувања кои ги предизвика пандемијата.

Изложбата „Put the mask on!“ Се одржа во Националната галерија „Чифте амам“ во Старата чаршија во Скопје, од 12.00 до 18.00 часот, а со своето присуство не почести и директорката Дита Старова Ќерими.

На изложбата беа претставени најдобрите изработки од студенти од прва, втора и трета година на Текстил, дизајн и моделирање, додека на влезот беа поделелни мали групи, во согласност со мерките против-Ковид-19.

Гости на изложбата беа матурантите од средното текстилно училиште од Тетово.

182062036_3907464419360962_1300456519270746947_n 182346637_3907464742694263_1587153468958742332_n 182500534_3907465299360874_2580467412802041054_n 182223613_3907465516027519_6124385104295094086_n 182091556_3907465819360822_5048354788299941994_n 182070824_3907465672694170_2282284180191631767_n 182306196_3908383255935745_8968592874483366318_n 182613542_3908383245935746_2698395686297866497_n 182819425_3908383132602424_1452716109069599287_n 182337937_3907466212694116_5742538033269066462_n 182465188_3907466369360767_1936445203298527373_n

 

By