Скопје, 19.05.2021 година Во просториите на УМТ, денеска беше промовирана книгата „Маркетинг” на проф. д-р. Неритан Туркеши, професор на Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје.

Книгата „Маркетинг” на проф. д-р Неритан Туркеши, која е негова шеста книга, беше промовирана од претседателот на Сенатот на УМТ проф. д-р. Мустафа Ибрахими, кој истовремено е и директор на Центар за академски публикации, го пофали придонесот даден на оваа книга, како додадена вредност за студентите на УМТ.

Во својот говор, деканот на ФТН, проф.д-р. Агим Мамути го цитираше Филип Вагнер, кој рече: „Маркетингот се учи за еден ден, но ни треба цел живот за да го совладаме“, додека за книгата рече дека е вредност за студентите и вработените во секторот на маркетинг.

Рецензентот проф. д-р. Бујамин Беља рече дека книгата е поделена на 12 поглавја, меѓу кои тој ги спомена дигитален, меѓународен и политички маркетинг. Тој додаде дека на глобално ниво недостасува литература за маркетинг на албански јазик и изрази надеж дека ова ќе ги мотивира другите професори да пишуваат.

Авторот на книгата „Маркетинг” проф. д-р Неритан Туркеши, рече дека неговата главна цел била да го врати читателот кон книгата и да ја подигне социјалната свест во однос на книгата. Тој рече дека на нашето општество му треба знаење, додека без книги нема знаење.

Проф. д-р. Неритан Туркеши е професор на Факултетот за технички науки при Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје и досега ги има објавено следниве книги:

· „Основи на економија”, 2006 година

· „Основи на менаџмент”, 2008 година

· „Банкарска економија”, 2014 година

· „Монетарна економија”, 2014 година

· „Бренд менаџментот”, 2014 година

Проф. д-р Неритан Туркеши е роден во 1981 година во Дебар, додека живее и работи во Скопје.

By