Скопје, 5 јули 2021 – Првиот студент од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје при Факултетот за технички науки, Берат Исмаили започна со практична настава во Грчко-италијанското здружение во Солун, Грција.

Берат Исмаили е добитник на стипендија од универзитетот Мајка Тереза, финансирана од Националната агенција за европски програми за образование и мобилност ЕРАЗМУС +. Тој ќе биде ангажиран во Здружението како дел од проектот поврзан со управување на Зелената Европска агендата каде состаноците ќе бидат хибридни поради сегашните пандемски услови во земјата домаќин.

Праксата ќе трае три месеци, почнувајќи од 1 јули 2021. УМТ на студентот Берат Исмаили, му посакува успех во неговите практични предизвици на учење.

By