Скопје, 14 јули 2021 – Студентите при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје од Факултетот за технолошки науки, насока дизајн текстил и моделирање, започнаа со наставна пракса во Истанбул, Турција, во текстилната компанија “Hot-saş” и фабриката “Kozabiat”.
Студентите Ајнур Лесковица и Суреја Ќаили добија стипендии од универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, финансирани од Националната агенција за европски програми за образование и мобилност ЕРАЗМУС +.
Во овој период тие ќе се вклучат и ќе го следат производство на текстилни производи чекор по чекор, почнувајќи од скицирање и дизајнирање на текстил, набавка на материјали, изработка на моделот, сечење, шиење, фотографирање и рекламирање на производите, пакување и продажба.
Наставната пракса ќе трае два месеци. УМТ на студентите Ајнур Лесковица и Суреја Ќаили им посакува успешна работа и многу успеси во иднина.