Во рамките на проектот Е-ВИВА, се одржа состанок на менаџментот кој се фокусираше на понатамошни проектни активности како студентски посети и конференции. Меѓу другото, на оваа средба се разговараше за финансиските аспекти и одржливоста на самиот проект.
Координаторката на проектот од Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје, д-р. Дитурије Исмаиљи и претставникот на Одделот за меѓународни односи при УМТ, м-р Арбер Јашари, беа дел од оваа работна средба каде презентираа за напредокот на проектот и придобивките на Универзитетот од овој меѓународен проект.
Средбата се одржа на 20-23 октомври 2021 година, во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент во Котор, Црна Гора.